Борусија Менхенгладбах ќе го награди својот поддржувач кој на еден квиз одби да го изговори името на големиот регионален ривал од Бундеслигата, Келн, и на тој начин загуби пари.
„Ова примерно поведение треба да биде наградено. Контактирајте нè. Главниот спонзор и ние имаме нешто за вас”, напишаа од клубот на „Твитер“ без да дадат дополнителни подробности за каква награда станува збор.
Навивачот беше прашан кој клуб ја освои титулата во втората германска дивизија во 2019 година. Тој знаеше дека е Келн, но даде изненадувачки одговор: „Не, нема да го изречам тоа име”.
Со тоа беше елиминира од шоуто и освои 2.500 евра, што е мала сума за тој квиз.
„Јас сум навивач на Борусија Менхенгладбах, никогаш нема да го кажам тоа име, за никакви пари на светот”, дополни фанатикот.
https://twitter.com/i/status/1286612944890007553