Омикрон прави големи проблеми и може да ја прекине една од најсилните лиги во Европа

Последната варијанта на вирусот ковид-19, омикрон, создава нови проблеми во спортот генерално.

Екипите во најпопуларните спортови се соочуваат со голем број играчи коишто се во изолација, а доста средби се одложени.

Но, според последните информации, доколку оваа варијација не биде ставена под „контрола“, можно е и прекин на некои лиги.

Такви се најавите на една од најсилните лиги во Европа, Бундеслигата.

Почетокот на вториот дел од сезоната во Германија ќе се одигра пред комплетно празни трибини,

А доколку ситуацијата на се смири, од Фудбалската федерација на оваа држава ќе ја разгледаат опцијата и за прекин на првенството.

А доколку дојде до тоа, тогаш истото ќе биде завршено во текот на летото.

Останува да се види каква ќе биде одлуката на Германската фудбалска федерација и дали ќе се одлучи да направи радикален чекор.

Вториот дел од Бундеслигата ќе започне на 10 јануари.

- Оглас -

Најнови вести