Онана ќе оди на Африканско првенство, за Манчестер јунајтед ќе треба да брани „единицата“

Андре Онана се најде на списокот на камерунската репрезентација за настап на Африканскиот куп на нациите.

Голманот на Манчестер јунајтед наскоро ќе треба да му се приклучи на националниот тим (првиот меч на Камерун е на 15 јануари), па на голот на Црвените ѓаволи ќе застане некој од неговите резерви, Алтај Бајиндир или Том Хитон.

Турчинот Бајиндир е фаворит за преземање на стартното место, тој го има дресот со број 1, но летоска откако дојде од Фенербахче, уште нема настап на официјален меч и сега конечно ќе добие шанса. Онана сезонава често правеше грешки и има шпекулации дека тој се плашел дека може да го загуби статусот на стартер кога ќе се врати во клубот.

- Оглас -

Најнови вести