Онана: Сакам со Манчестер јунајтед да ја освојам Лигата на шампионите

Камерунскиот голман Андре Онана (27) наскоро треба да потпише петгодишен договор со Манчестер јунајтед, откако денеска ќе ги мине лекарските прегледи.

Онана кој во кариерата бранел за Ајакс и Интер, сега се сели во премиерлигашкиот гигант, и верува дека со Црвените ѓаволи ќе ја освои Лигата на шампионите, нешто што не му успеа со Интер со кој стигна до финалето минатата сезона.

„Се надевам дека ќе ја освојам ЛШ со Манчестер јунајтед, тоа ми е желба. Одвај чекам да почнам со новото искуство и работата со тренер кој го сметам за мајстор на својот занает“ – вели Онана кој го знае Ерик Тен Хаг од Ајакс, а во Јунајтед ќе биде и Антони кој истотака во клубот дојде од Ајакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести