Опасно добар тројкаш се крие во Чикаго (видео)

Чикаго булс ноќеска го запиша само четвртиот триумф во 11 меча, со 120:102 падна тимот на Њујорк никс, а најзаслужен за победата е новакот на Биковите, Коби Вајт. Деветнаесетгодишниот шутер на Чикаго реализира 27 поени, од кои најмногу ги постигна од линијата за три поени и со тоа се запиша во историјата на најатрактивната кошаркарска лига.

Вајт приреди шутерско шоу во последната четвртина реализирајќи седум тројки и тој е првиот новак во лигата кој успеал да оствари таков учинок. Дури 26 поени од вкупно 27 Вајт ги запиша во четвртиот период, а по фантастичниот настап ги заслужи овациите од трибините.

- Оглас -

Најнови вести