Општина Аеродром ја започна реконструкцијата на новиот дом на Вардар (Фото)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од минатата недела и официјално се врати во Прва лига. Црвено-црните добија поддршка од повеќе скопкски општини, а една од нив беше Аеродром.

Од оваа општина беше ветено дека на Вардар ќе му биде даден на користење фудбалското игралиште во близина на СЦ „Јане Сандански“, а сега започна и реконструкцијата на теренот.

„По иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот Дејан Митески, како и со поддршка на општествено-одговорна компанија, денеска почнаа активностите за реконструкција на фудбалското игралиште во близина на СЦ ,,Јане Сандански”. Почетниот чекор во насока на обезбедување нов дом за ФК Вардар и Комити Скопје, опфаќа целосна реконструкција на системот за одржување на теренот и поставување нова тревна површина. Со инвестиција на одговорните компании од околу 2 милиони денари, првиот тим и младинските школи на ФК Вардар ќе добијат место на кое ќе можат да ги одржуваат своите тренинзи и натпревари.
Општина Аеродром на дело ја докажува посветеноста кон обезбедување модерни услови за спорт, како и помош и поддршка за клубот кој е гордост на Скопје и Македонија“, стои во известувањето од општина Аеродром.
- Оглас -

Најнови вести