Оптужби кон Ѓоковиќ: Како знаеше пред сите дека ќе се откажат турнирите?

Јапонскиот тенисер Даниел Таро, 110-ти на АТП листата, е лут на Новак Ѓоковиќ бидејќи наводно Србинот знаел дека ќе се одложат турнирите во САД пред да се донесе конечна одлука. Првиот светски рекет се врати дома за да биде со семејството за време на пандемијата со коронавирусот, а тоа го направил еден ден пред тениските турнири да се стават во мирување.

„Ѓоковиќ си замина од САД пред да се знае дека сите турнири ќе бидат откажани или одложени. Мене никој не ме извести, за одложувањето дознав дури откако се соопшти конечната одлука“, се изјасни јапонскиот тенисер.

Ѓоковиќ инаку е претседател на советот на тениски играчи и многу е веројатно дека некои информации ги дознава пред останатите тенисери.

- Оглас -

Најнови вести