Новак Ѓоковиќ ќе игра во Мелбурн!

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ е сè поблиску до настап на првиот гренслем-турнир во 2022 година, Отвореното првенство на Австралија. Според пишувањата во српските медиуми, Ѓоковиќ сигурно ќе биде дел од турнирот на кој деветпати го освојуваше драгоцениот трофеј и е актуелен бранител на тронот.

Најавите се дека самиот организатор на Отвореното првенство на Австралија е во преговори со властите во Мелбурн за да му се дозволи на Новак Ѓоковиќ специјална „медицинска белешка“ со која ќе му биде дозволено да биде дел од турнирот.

Тоа би важело и за уште неколку врвни тенисери кои не се вакцинирани, а би требало да настапат во Мелбурн. Најавите се дека властите во државата Викторија ќе попуштат под притисокот и Ѓоковиќ ќе биде дел од турнирот на кој ќе атакува на јубилејната 10-та титула, што би му бил и рекорден 21-ви гренслем-турнир во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести