Оригиналниот Роналдо по четврти пат ќе стапне на лудиот камен

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио да Лима Роналдо (46) наскоро по четврти пат ќе стапне на лудиот камен, објави неговата идна сопруга Селина Локс. Таа на социјалните мрежи откри дека Роналдо решил осумгодишната врска да ја круниса со брак и ја запросил притоа покажувајќи го вереничкиот прстен.

Селина Локс ќе биде четврта сопруга на Роналдо. Таа е поранешна бразилска манекенка која има сопствен козметички бренд „Селина Локс бјути“.

Прва сопруга на легендарниот напаѓач беше Сузана Вернер (1997 до 1999 година), која подоцна се омажи за бразилскиот репрезентативен голман Жулио Цезар.

Во април 1999 година, веднаш по разводот со Сузана Вернер, Роналдо се оженил со својата колешка Милене Домингеш, а тој брак траел четири години. Милене по Роналдо, среќата ја најде во уште еден фудбалер, Дејвид Аганс, поранешниот играч на Реал Мадрид.

Во 2005 година, Роналдо се ожени со бразилската манекенка Даниела Чикарели, но бракот траеше само три месеци.

Бразилецот има четири деца, Роланд е роден на 6 април 2000 година, пет години помладиот Александар, Марија Софија родена 2008 година и две години помладата Марија Алиса.

- Оглас -

Најнови вести