Орлите и Волчицата ќе победат за задоволство на фановите во Вечниот град

1009 Челзи – Тотенхем (17.30 часот)

Лондонските ривали победуваа во првото коло и најавија дека имаат високи амбиции сезонава, а меѓусебниот дуел ќе покаже каков е односот на силите меѓу нив во моментов. Челзи е домаќин, и има поцврста одбрана, додека силата на Тотенхем е во нападот. Во минатата сезона, Сините двапати го победија Тотенхем, и тоа без примен гол. Последната победа на Петлите на „Стенфорд бриџ“ беше во април 2018 година.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.01)

 

1809 Баерн – Волфсбург (17.30 часот)

Баварците со шесте гола кои му ги дадоа на Ајнтрахт на стартот, уште од прво коло им најавија на ривалите дека се решени пак да бидат шампиони. Волфсбург во првата рунда одигра 2-2 со Вердер, па штом примија два гола од Вердер, може да се очекува истото да се случи и попладнево против моќниот Баерн. Коман е суспендиран кај Баерн и нема да игра. Последниот пат кога овие два тима играа во Минхен, а тоа беше во декември минатата година, Баерн славеше со 4-0.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.64)

 

3006 Лацио – Болоња (18.30 часот)

Лацијалите и болоњезите меѓусебе прилично ретко играат нерешено, но секогаш има голови. Во минатата сезона, секој победуваше дома со по 3-0. Римските Орли летово одиграа повеќе контролни мечеви, а последните два им беа со резултат 0-0. Лацио е опасен домаќин и ќе сака на отворањето на новата сезона да се докаже пред своите фанови, но нападот ќе им биде ослабен со неиграњето на Педро.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.08)

 

3008 Салернитана – Рома (20.45 часот)

Рома сериозно се засили летово со играчи како Дибала, Вајналдум, Матиќ, Челик, а и Спинацола е спремен, па екипата на Мурињо е фаворит против тимот на кој му се прогнозира грчевита борба за опстанок. Салернитана пред една недела испадна од второлигашот Парма во купот на Италија, а Рома делуваше разиграно на пријателската против Шахтар која ја доби со 5-0. Рома лани победи во Салерно со 4-0, и тогаш дуелот се играше во август.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.30)

 

1307 Алмерија – Реал Мадрид (22.00 часот)

Алмерија по влезот во елитата, како награда доби во првото коло дома пред полни трибини да го пречека актуелниот шпански и европски првак. Кај Реал, отсустни ќе бидат Карвахал и Родриго. Реал последен пат во Алмерија има гостувано во 2014 година, кога победи со 4-1. Последните пет пресметки им беа со победи на Реал и на мечевите паѓаа барем три гола. Реал загубил во Алмерија само во 2008 година.

Предлог тип: 2 & 0-4 (1.82)

- Оглас -

Најнови вести