Осака е непобедлива во финале на гренд-слем, по вторпат го освои Њујорк

Наоми Осака е велемајстор за финалиња на гренд-слем турнирите и успеа во третиот настап да го освои и третиот пехар, вечерва со победа од 1:6, 6:3, 6:3 против Викторија Азаренка на САД опен.

Јапонката ја сопре брилијантната низа на Азаренка во таканаречениот балон во Њујорк, или на двата турнири по ред што се играа во Големото Јаболко.

Белорусинката имаше 11 победи во низа и освоен пехар на Синсинати 2020, каде токму во финалето Осака и се предаде без борба.

Јапонката очигледно чуваше сили за многу поважниот турнир и успеа да победи, по вторпат на САД опен. Азаренка експресно го доби првиот сет со 6:1, но потоа застана и го загуби и третото финале во Њујорк на САД опен.

Белорусинката водеше исо 2:0 во вториот сет, но ја снајде истата судбина како во 2012 и во 2013 година кога беше поразена во мечевите за пехарот во Њуорк двапати во три сета од Серена Вилијамс.

Сега и остануваат двата трофеи од Мелбурн освоени на Австралија опен во 2012 и во 2013 година. Осака има три пехари и победуваше во сите финалиња што ги одигра на гренд-слем турнирите.

Јапонката победнички си замина од Њујорк во 2018 година, исто како и сега, а славеше и на Австралија опен во Мелбурн во 2019 година.

Денеска од 22 часот ќе се игра и машкото финале меѓу Зверев и Тим.

- Оглас -

Најнови вести