Оскар за Родригес – Леганес се спаси од пораз со фантастичен гол (Видео)

Леганес успеа да освои еден бод против Мајорка со фантастичен погодок во финишот на мечот, дело на Оскар Родригес.

Офанзивецот на фенерџијата во Ла Лига погоди како од топ, од слободен удар во 87. минута, а голманот на Мајорка, Маноло Реина беше немоќен.

Домаќините водеа од деветтата минута со погодокот на Салва Севилја и ја одржуваа предноста до самиот финиш, но не можеа да се спасат од евроголот на Оскар Родригес. Погодокот на Оскар погледнете го ОВДЕ.

Александар Трајковски беше резерва кај Мајорка и повторно не доби шанса да игра.

Во вториот меч што се играше вечерва во Ла Лига, Џерард Морено со погодок во 11. минута му донесе победа на Вилјареал против Гранада на гостински терен.

Жолтата подморница се заврсти на седмото место со 47 бода, Гранада е деветта со 43, а Мајорка и Леганес се во зоната за испаѓање со 26, односно 24 бода.

- Оглас -

Најнови вести