Осмо реми по ред за Џенова?

1630 Херенвен – Хераклес (20.00 часот)

Ова е дуел од холандското првенство помеѓу два тима кои имаат еднаков број бодови и еднаков број победи, порази и ремија. Дури и гол-разликата им е слична. Пет бода се над опасната зона и може да се каже дека се борат за опстанок затоа што се во лоша форма, особено домашните. Херенвен нема победа уште од 19 декември, а Хераклес доби два од последните пет меча. Во претходното коло, двата тима одиграа 0-0, а и нивните последни два меѓусебни дуели завршуваа со 0-1 гол. Херенвен дома не победил против Хераклес од 2016 година.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.40)

 

1802 Бохум – Борусија Менхенгладбах (20.30 часот)

Бохум е пред Борусија на табелата, има два бода повеќе. Проблем на тимот од Менхенгладбах е одбраната, имаат примено 51 гол на 26 меча, што е просек од речиси два по натпревар. Само најслабите тимови во Бундеслигата, Херта и Гројтер Фирт, имаат примено повеќе голови од Гладбах. Во променлива форма се и едните и другите. Есеноска, кога домаќин беше Борусија, тој тим победи со 2-1.

Предлог тип: 3+ (1.75)

 

1004 Вулверхемптон – Лидс (21.00 часот)

Овие екипи се во позитивно расположение бидејќи Волците имаат серија од две победи по ред, а Лидс минатото коло ја прекина црната низа и конечно победи. Лидс има примено речиси трипати повеќе голови од Вулфс и затоа се доведоа во ситуација да се борат за опстанок. Вулверхемптон и Лидс имаат проблеми со повредени играчи и се тимови кои во последно време не знаат да одиграат нерешено. Традицијата ги фаворизира домашните.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.05)

 

3002 Џенова – Торино (21.00 часот)

Џенова има „луда“ серија од седум нерешени по ред, собира бод по бод, но никако не успева да се одлепи од претпоследното место. Џенова, која одигра 0-0 во последните три кола по ред, има само една победа сезонава, додека Торино има три нерешени во последните четири меча и во минатото коло против Интер покажа дека знае да биде опасен. Есеноска Торо ги победи Грифоните со 3-2, а Биковите славеа и на последните четири гостувања кај Џенова.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.71)

 

1301 Атлетик Билбао – Хетафе (21.00 часот)

Мадридскиот тим се бори за опстанок и еден и пол месец нема победа. Атлетик е осми на табелата и уште е со мали шанси за излез во Европа. Во последните пет кола, Баскијците имаат три порази и две победи. Од друга страна, Хетафе е тим кој во последно време често игра нерешено. Во декември, кога Хетафе беше домаќин, мечот заврши без голови, сега Атлетик е фаворит на хартија и не би требало да си дозволи кикс.

Предлог тип: 1 (1.81)

 

- Оглас -

Најнови вести