Оспина тешко повреден од соиграч, на носилки изнесен од теренот (фото)

Наполи со пораз од 2-0 се враќа од Бергамо по гостувањето кај Аталанта, но и со повредениот Оспина кој може да отсуствува во следниот период. Колумбискиот голман претрпе тешка повреда по што му настрада аркадата при судир со соиграчот Марио Руи.

Оспина во обид да ја освои топката, се заби во Руи, а крв веднаш се примети како тече од аркадата. По неколку минути интервенција, Оспина беше изнесен на носилка, а на негово место во игра влезе Мерет, кој подоцна прими два гола.

- Оглас -

Најнови вести