Остана во ПСЖ, но ФИФА веќе го утврди износот на следниот трансфер на Нејмар

Во текот на целиот летен преоден рок се очекуваше трансфер на Нејмар од Пари Сен Жермен. Сепак, на крајот тоа не се случи, а Бразилецот остана во редовите на францускиот првак. ПСЖ бараше повеќе од 200 милиони евра за да го пушти Нејмар, а откако не се најде клуб што ќе плати толку многу пари, едноставно ѕвездата беше принудена да остане на „Паркот на принцовите“.

Сепак, следното лето ПСЖ нема да може да бара толку многу пари за трансфер на Нејмар. Правилото на ФИФА вели дека за 12 месеци, Нејмар ќе може да си замине за 170 милиони евра. ФИФА има право да ја одреди сумата за трансфер на оние играчи кои ќе поминат три сезони во клубот, а немаат договорено откупна клаузула во договорот, како што е овој случај.

При одредувањето на сумата за трансфер, ФИФА со формула пресметува која е реалната цена на играчот. Според „Мундо Депортиво“, Нејмар на крајот од оваа сезона ќе вреди 170 милиони евра, односно 52 милиони помалку од тоа што пред три години доби Барселона за неговото заминување од „Камп ноу“.

 

- Оглас -

Најнови вести