Останува дилемата дали првенството ќе се доигра

Заврши состанокот меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и претставниците на прволигашите кој се одржа на еден од терените од тренинг-центарот „Петар Милошевски“. Главната тема беше дали фудбалскиот шампионат во земјава ќе се доигра, односно на каков начин ќе се одреди крај на сезоната. Прволигашите се со различен став околу доигрувањето на сезоната, а засега нема конкретен термин кога би се случило рестартирањето.

Конечната одлука за натпреварувачката сезона ФФМ заедно со клубовите ќе ја донесе на следниот состанок, кој треба да се одржи најдоцна за седум дена, откако ќе ги добие препораките и мерките од протоколот за одржување тренинзи и одигрување натпревари од координативниот кризен штаб.

ФФМ веќе е во процес на изготвување на протокол за одржување на тренинзи и одигрување на натпревари во услови на корона-вирусот и тој ќе го презентира пред надлежните здравствени институции.По добивањето на протоколот за заштита од ковид-19Федерацијата и клубовите ќе излезат со заеднички став околу евентуалното продолжување на првенството во скратен формат или целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/20.

Останува дилемата и дали Вардар ќе добие лиценца за излез во Европа во случај сезоната да се доигра, а доколку Црвено-црните не добијат лиценца, шанса за квалификациски настапи во едно од европските натпреварувања ќе добие Македонија Ѓорѓе Петров.

- Оглас -

Најнови вести