Остра е „брадата“ на Хјустон за Јута Џез

Јанис Адетокумбо (Детроит пистонс – Милвоки бакс, НБА, 02 часот)

Грчкиот репрезентативец нема ривал во дуелите против Детроит, бидејќи главната ѕвезда на Пистонс, Блејк Грифин е повреден и нема да игра до крајот на плејоф серијата.

Популарниот Грик-фрик умешно го користи отсуството на Грифин и сигурно го предводи Милвоки кон втората рунда. Ноќеска се очекува малку посилен отпор од Детроит, бидејќи ова им е прв меч на домашен терен, па очекуваме и Јанис повеќе да игра.

Кога е расположен за Адетокумбо не е никаков проблем да биде блиску и до трипл-дабл, а типуваме дека збирно со поени, асистенции и скокови ќе ја мине границата од 44.5, колку што е поставена во додатокот на Sport Life за НБА лигата.

Предлог тип: Адетокумбо > 44.5 поени+асистенции+скокови (1.85)

 

Ерик Бледсо (Детроит пистонс – Милвоки бакс, НБА, 02 часот)

Во ситуација кога се повредени Брогдон и Снел, Бледсо е главниот организатор на играта на Милвоки, а 29-годишниот кошаркар е и одличен поентер. Знае во серија да погодува, беше најефикасен на вториот меч со Детроит и меѓу најдобрите и на стартниот дуел, па очекуваме да продолжи во исто темпо.

Бледсо мора и да игра повеќе поради остуството на Брогдон и на Снел, а тоа умешно го користи. Има Ол-стар квалитет и тој е моторот на Бакс, заедно со Мидлтон и Адетокумбо, па ќе типуваме дека ќе собере доволно поени, асистенции и скокови за да оди во плус од 26.5 во тотал, во исклучително интересната игра што ја нудат обложувалниците на Sport Life.

Предлог тип: Бледсо > 26.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

Реџи Џексон (Детроит пистонс – Милвоки бакс, НБА, 02 часот)

Бекот на Детроит мора да одигра многу подобро од претставите што ги прикажа против Милвоки на гостински терен. Реџи има квалитет за подобро издание, а Пистонс по двата тешки порази ќе се обиде да ја наметне играта два на два со Џексон и Драмонд за да се обиде да се спротивстави.

Ако успеат да соработуваат добро тие двајца кошаркари, Пистонс ќе имаат некакви шанси за прва победа во плејоф серијата. Им недостасува Грифин, но сега е момент за блесок на Џексон.

Границата за триплета на кошаркарот што е мошне квалитетен не е превисока и треба да забележи повеќе од 23.5 во вкупен збир.

Предлог тип: Џексон >23.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

Џејмс Харден (Јута Џез – Хјустон рокитс, НБА, 04.30 часот)

Квалитетот на популарната „брада“ е неспорен, тој останува прв кандидат за титулата МВП во НБА лигата, а ги продолжи одличните игри од регуларниот дел во плејофот.

Хјустон засега по два меча неочекувано лесно излегува на крај со Џезерите, двете победи се со 20 и повеќе поени разлика, а Харден продолжува да ги „тероризира“ противниците.

На вториот меч забележа трипл-дабл, а сосема е можно и ноќеска на првото гостување во плејоф серијата во Јута да приреди реприза.
Очекувано границата за триплета кај Харден е крената на повисоко ниво, но токму Јута му е омилен противник и сезонава му даваше на овој тим 47, 43, 32 поени и само еднаш беше под триесетката.

Предлог тип: Харден >48.5 поени+асистенции+скокови (1.87) 

 

Донован Мичел (Јута Џез – Хјустон рокитс, НБА, 04.30 часот)

Одличниот бек на Јута е главната причина за неубедливите изданија на популарните Џезери на стартот од плејоф серијата против Хјустон.

Мичел не успеа во „Тојота центар“ да го потврди раскошниот талент што го вивна меѓу најдобрите бекови и млади играчи во НБА лигата.

Но, во плејофот сосема поинаку изгледа кога играте дома, а на Мичел е да направи пресврт, да го поведе тимот кон прв триумф и да се врати во игра за евентуален подвиг.

Дони знае да се мотивира кога треба, има екстра квалитети и од него Јута очекува многу повеќе. Нема веќе многу време за чекање, ако Јута сака да се спротитвстави посериозно и подолго да остане во плејофот ноќеска мора да победи. Мичел може многу подобро од 19 и 11 поени, колку што постигна на првите два меча, па ќе типуваме дека ќе ја мине границата од 23.5 поени во „Смарт хоум“ арената во Солт Лејк Сити.

Предлог тип: Мичел >23.5 поени (1.80)

 

- Оглас -

Најнови вести