Осум меча, осум победи на „домаќините“ во ЛЕ, дали и вечерва ќе има две „единици“

По  пет месеци пауза, вечерва продолжуваат мечевите од Лигата на шампиони. Јувентус го пречекува Олимпик Лион, а Манчестер сити е домаќин на Реал Мадрид. Двата дуели се очекува да бидат неизвесни, а сите четири екипи имаат свои шанси за влез во четвртфиналето.

Вчера и завчера се играа мечевите по кои беа познати сите патници во четвртфиналето од Лигата на Европа, а резултатите беа навистина интересни. Сите екипи кои според УЕФА ја имаа улогата на домаќини, на крајот се радуваа на победите и на пласман во следната фаза.

Синоќа на Базел, Вулверхемптон и Баер Леверкузен доволно им беше да дадат по еден гол за да победат, а Севилја со 2:0 ја победи Рома. Гостите едноставно не постигнаа ниту еден гол. И во мечевите од средата ситуацијата беше иста, домаќините победуваа.

Шахтар со 3:0 го победи Волфсбург, Интер во мечот да се биде или не со 2:0 го победи Хетафе, а Копенхаген со 3:0 го растури Башакшехир. Единствен гостин кој даде гол е ЛАСК Линц и тоа „Олд Трафорд“ кај Манчестер јунајтед, но англискиот гигант победи со 2:1.

Ако продолжи традицијата на доминација на домаќините, може да очекуваме Јувентус да го победи Олимпик Лион, а Манчестер сити да слави во дербито против Реал Мадрид. Сепак, Лигата на шампиони има посебен шмек и сигурно дека гостите нема така лесно да се предадат.

 

- Оглас -

Најнови вести