Осум репрезентации веќе се на ЕП, вечерва може да им се придружат уште две (Фото)

Осум од 24 репрезентации кои ќе играат на Европското првенство во Германија следната година веќе се познати. Синоќа тоа го направи репрезентацијата на Австрија, која победи на гости кај Азербејџан со 0-1, а претходно пласман обезбедија и Белгија, Франција, Португалија, Шпанија, Турција, Шкотска и, секако, домаќинот на континенталниот собир.

Вечерва шанса за такво нешто ќе имаат уште две репрезентации. Тоа се Данска од група Х и Унгарија од групата Г. Наједноставен пат има репрезентацијата на Унгарија, која потребно е само да ја победи Литванија на гости и без разлика на резултатот од дуелот помеѓу Србија и Црна Гора, ќе го чекира билетот за континенталниот собир.

Покомплицирана е состојбата во групата Х, каде што на Данска ѝ е потребна победа над Сан Марино, но и реми на мечот помеѓу Финска и Казахстан, и Словенија да не загуби на гостувањето кај Северна Ирска.

- Оглас -

Најнови вести