Осуммина се надеваат на „ајфон 12“, кои се денешните фаворити на играчите на Спортска прогноза?

Осуммина прогнозери се со перфектни пет погодени од петте вчерашни мечеви од саботната понуда од 26-тото коло на Спортска прогноза, и остануваат во трката за освојување на „Ајфон 12“ како премија, а потребни им се уште осум погодоци на денешните средби.

И останатите кои имаат само една или две утки, се со теоретска шанса за добивање на вредносни ваучери од Sport Life.

Неделните возбудувања започнуваат во 12.30 часот со дуелот од италијанската лига меѓу Џенова и Емполи. Тука прогнозерите им даваат предност на домашните, 63,4 проценти типувале единица. Од италијанските мечеви, нешто над половина, 52 проценти, сметаат дека мечот Болоња – Торино ќе заврши нерешено.

Најсигурен кец треба да е победа на Бордо против Троа, затоа што големи 86,7 отсто веруваат во такво нешто. Во победа на Нант над Монпелје веруваат 62 проценти од играчите на Спортска.

За дербито во Манчестер, каде Сити е домаќин на Јунајтед, фаворит на прогнозерите се Граѓаните. Точно 73,75 проценти очекуваат Сити да победи. Марсеј е фаворит на 58,8 отсто од прогнозерите за дуелот со Монако, а најголема изедначеност има кај два пара: Келн – Хофенхајм и Наполи – Милан. За дербито во Неапол, 46 отсто се изјасниле за кец, двојка чекаат 19,3, додека за нерешено се 34,5 проценти.

Овие осум меча типувани од околу 2.000 играчи на Спортска прогноза, носат огромен вкупен коефициент, доколку ги играте фиксовите на конечен тип, може да се уфрли и некој двознак таму каде што нема јасни фаворити на прогнозерите.

Вака изгледа замислениот тикет со фаворитите на Спортска прогноза:

Џенова – Емполи 1

Болоња – Торино Х

Бордо –Троја 1

Нант – Монпелје 1

Манчестер сити – Манчестер јунајтед 1

Келн – Хофенхајм Х2

Марсеј – Монако 1

Наполи – Милан 1Х

- Оглас -

Најнови вести