Осумте неделни мечеви од Спортска прогноза може да ви донесат екстра добивка

Дури осум натпревари се играат денеска од основната понуда во колото на Спортска прогноза, а осуммина прогнозери се надеваат дека може да станат први што освоиле 13-ка и ќе бираат една од трите понудени премии.

Возбудувањата ќе започнат веќе во 13 часот со дуелот Челзи – Арсенал, каде поделеноста е најголема, најмногу прогнози има за „икс“ (36,48 отсто), но над 30 отсто се и за кец и двојка.

Унион Берлин влезе како лидер во Бундеслигата, но над половина прогнозери (54,5 отсто) сметаат дека Унион ќе загуби на гостувањето кај Баер Леверкузен.

Чист кец треба да биде Лил против Рен, во тоа веруваат 70,8 проценти од играчите, а на двојка „мириса“ на дербито во Лондон помеѓу Тотенхем и Ливерпул. Триумф на Црвените чекаат 47,4 отсто од прогнозерите, а слични проценти има и за италијанското дерби помеѓу Јувентус и Интер. За Интер се 44,3 проценти, а 21,2 отсто типувале победа на Јуве.

Рома е фаворит против Лацио на две третини од прогнозерите, а и за Марсеј против Лион се над 60 отсто. Бетис треба да ја победи Севилја во градското дерби, во тоа веруваат 56,1 отсто од играчите.

Ако го избегнете лондонското дерби, и ги одиграте останатите седум меча според она што го мислат поголемиот број прогнозери, може за денеска да се состави интересен тикет.

ЕВЕ КАКО БИ ИЗГЛЕДАЛ ЗАМИСЛЕНИОТ ТИКЕТ:

Баер Леверкузен – Унион Берлин 1

Лил – Рен 1

Тотенхем – Ливерпул Х2

Рома – Лацио 1

Јувентус – Интер Х2

Марсеј – Лион 1

Бетис – Севилја 1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести