Освои бод против светскиот првак, а потоа се расплака од среќа

Унгарија одигра 1:1 на свој терен во Будимпешта, во дуел против актуениот светски првак Франција. „Пушкаш арената“ беше исполнета до последно место, а унгарските фудбалери имаа феноменална поддршка, па едноставно не смееја да ги разочарат фановите.

Иако беа апсолутни аутсајдери против актуелниот светски првак, Унгарија поведе со гол во судиското надополнување од првото полувреме. Галските петли израмнија на средината од вториот дел, но фаворитите не успеаа да стигнат до планираните три бода. По мечот, селекторот на Унгарија Марко Роси се расплака од радост.

„Моите фудбалери тактички беа беспрекорни. Момците покажаа храброст и срце. Можам само да им се заблагодарам. Често велат дека тимот победува по добра тактика на тренерот. Грешка е тоа. Тренерот само помага, а играчите се главните. Денеска тоа го покажа репрезентација на Унгарија. Ова не е за верување“, рече емотивниот Роси.

Во последното трето коло од групната фаза, Унгарија ќе игра против Германија и ќе им треба ново чудо, односно овојпат дури и победа ако сакаат да се најдат во нокаут фазата.

- Оглас -

Најнови вести