Освои две титули во ЛШ за кои речиси да немаше придонес, сега може да му биде соиграч на Трајковски

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски може да добие двоен европски првак за соиграч во Мајорка.

Повратникот во шпанската елита му ги отвори вратите на Даниел Стариџ за проба, па искусниот англиски напаѓач во следните две недели ќе тренира со Трајковски и останатите членови на екипата, период во кој ќе треба да докаже дека заслужува договор.

Стариџ е слободен играч повеќе од една година, откако во март 2020 година го раскина договорот со Трабзонспор, а набрзо потоа доби четиримесечна суспензија од сите фудбалски активности поради кршење на правилата околу обложување на натпревари.

Поголемиот дел од кариерата ја помина во родната Англија, а доколку добие договор од Мајорка, тоа ќе му биде втор ангажман надвор од Островот, со надеж дека ќе му биде поуспешен од оној во Турција. Инаку, Стариџ е двократен освојувач на Лигата на шампионите со Челзи во 2012 и со Ливерпул во 2019 година, титули за кои речиси и да немаше придонес.

- Оглас -

Најнови вести