Отиде во Саудиска Арабија и заработи огромни пари, ама ќе остане без настап на Мундијалот?

Полека се загрева атмосферата пред Мундијалот, а се очекува селекторите наскоро да ги објават проширените списоци со најмногу 55 фудбалери на кои сериозно сметаат. Во фокусот ќе биде составот на најсилните светски репрезентации и изборите што ќе ги направат нивните предводници.

Француските медиуми веќе отворија една чувствителна тема. Mожно е едно звучно име да остане без место во авионот за Светското првенство. Станува збор за Кингсли Коман, 29-годишниот крилен напаѓач кој летово реши да ја прифати финансиски примамливата понуда од Ал-Наср.

И покрај одличната сезона, со ефект од 14 голa и 11 асистенции на 36 натпревари, неговото место во националниот тим е доведено под знак прашалник. Причината, според шпекулациите, лежи во ставот на селекторот Дидие Дешан, кој наводно не е наклонет кон фудбалери што настапуваат надвор од Европа.

Дополнителен проблем за Коман е жестоката конкуренција на крилните позиции. Франција располага со импресивен офанзивен арсенал, како Мајкл Олисе, Дезире Дуе, Осман Дембеле и Килијан Мбапе, а за нападот конкурираат и Маркус Турам и талентираниот Магнес Аклиуш.

Единствена надеж за Коман би можела да биде проширената листа од 26-mina фудбалери наместо досегашните 23. Сепак, и во такво сценарио, француските медиуми проценуваат дека предност може да добие Рандал Коло Муани, особено поради повредата на Уго Екитике.

Кингсли Коман зад себе има блескава клупска кариера, оставајќи силен печат во Баерн Минхен, како и во Јувентус и Пари Сен Жермен. Но, одлуката да замине во Саудиска Арабија во најдобрите години би можела скапо да го чини кога станува збор за настап на најголемата фудбалска сцена.

За репрезентацијата на Франција, Коман досега има 61 настап и осум постигнати голови.

- Оглас -

Најнови вести