15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Откажани сезоните во две првенства во кои не се одредија шампиони

Европската федерација за водни спортови (ЛЕН) одлучи да се прекинат сезоните во Лигата на шампионите и Еврокупот притоа без да се прогласат шампиони. Одлуката е донесена врз основа на тоа дека пред прекинот поради пандемијата, уште се играа мечевите од групната фаза, а дополнително финалниот турнир требаше да се одржи во Џенова, Италија, една од најпогодените земји во Европа од пандемијата со вирусот ковид-19.

Иако постоеше опција да се одржи финален турнир со учесници според моменталниот пласман на табелите во групите, сепак такво нешто нема да се случи, а познато е дека вирусот лесно се пренесува во вода и целта е да се избегне ризик, односно поголема штета.

Колку за потсетување, актуелен европски првак е тимот на Ференцварош, додека освојувач на Еврокупот минатата сезона беше Марсеј.

- Оглас -

Најнови вести