Откриена причината зошто Бас Дост колабира на теренот

Пред неколку дена, некогашниот холандски репрезентативец Бас Дост ненадејно падна на теренот за време на дуелот АЗ Алкмар – НЕК Најмехен. Се играа последните минути од мечот, кога Дост беше во ситуација да се враќа кон сопствениот гол и кога едноставно се струполи на теренот. Таа ситуација може да ја видите ТУКА.

Веднаш реагираа лекарските екипи, кои му дадоа прва помош на Бас Дост. По неколку минути, фудбалерот дојде при свест, а потоа доби дополнителен третман во болницата во која беше пренесен. Од болничкиот кревет Дост упати порака за сите оние кои му дале поддршка.

„Во изминативе неколку дена беа направени многу тестови и е откриено дека имам воспаление на срцевиот мускул, миокардитис. Многу причини доведуваат до таква состојба. Имав среќа што на теренот бев успешно реанимирам. Многу сум им благодрен на докторите на двата тима. Остануваат уште неколку дена за прегледи, а потоа заминувам дома за да одморам. Дури потоа ќе размислувам што ќе правам понатаму“, рече Дост, кој покажа фотографија на која изгледа добро.

Дост сега го носи дресот на НЕК Најмехен, каде што стигна од тимот на Утрехт. Во кариерата бил фудбалер и на Бриж, Ајнтрахт Франкфурт, Спортинг, Волфсбург и Херенвен. Во репрезентативниот дрес на Холандија одигра 18 меча и постигна еден гол.

- Оглас -

Најнови вести