Откриена тајната на Голден стејт: Пеп Гвардиола има голема улога во четирите титули на НБА-тимот

Голден стејт вориорс во новата сезона влегува како актуелен бранител на тронот во НБА-лигата. Воините освоија четири титули во последните осум сезони потврдувајќи ја доминацијата.

Клеј Томпсон, кој е еден од клучните играчи во составот на Воините, откри дека тренерот Стив Кер има голема заслуга за успесите на Голден стејт. Кер дојде на клупата во 2014 година и под негово водство беа освоени четирите титули. Томпсон откри дека Кер во својата филозофија презел дел од тика-така тактиката на фудбалскиот коуб Барселона и тоа што на времето го правеше Пеп Гвардиола додека беше на чело на каталонскиот гигант.

„Морам да му дадам почит на Стив Кер. Дојде и имаше визија. Сакаше да биде жестоко и ни даде пример со тика-така тактиката на Барселона. Таа тика-така тактика е брз проток на топката и да се најде слободниот човек. Така почнавме и ние, идејата беше топката да дојде до слободниот човек. Тоа се покажа како тактика која даде резултати“, откри Томпсон.

Тика-така тактиката во Барселона ја создаде Пеп Гвардиола кога дојде на чело на клубот. Таа тактика беше пресликана и во шпанската репрезентација која стана светски првак на Мундијалот во 2010 година, а две години подоцна беа и европски владетели.

- Оглас -

Најнови вести