Откриени лицата на напаѓачите на Озил и Колашинац (Фото)

Сеад Колашинац и Месут Озил може да бидат помирни. Полицијата во Лондон ги уапси двајцата осомничени за нападот на фудбалерите на Арсенал.

Турците Ферхат Еркан (27) и Саламан Екинци (27) се уапсените за нападот врз фудбалерите во Северен Лондон. Двајца маскирани со ножеви во рацете сакаа да ги ограбат Озил и Колашинц, но не успеаа. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина се покажа како херој, која сам, со голи раце тргна да се тепа со воорушените разбојници, кои збунети од потегот на фудбалерот, брзо избегаа.

Двајцата уапсени потоа биле и пред куќата на Озил, кога биле забележани од личното обезбедување на играчот на Арсенал, а подоцна биле и уапсени. Ова се напаѓачите, кои денеска се појавиле пред судот.

 

- Оглас -

Најнови вести