Откриено што се случувало во домовите на Ди Марија и Маркињос

Вчерашната драма за време на дуелот меѓу ПСЖ и Нант која заврши разочарувачки за Светците, доби позитивен епилог за ѕвездите Анхел Ди Марија и Маркињос.

Како што е познато, за време на мечот во нивните домови се случувале грабежи во кои е избегната поголема трагедија. Имено, информациите дека блиски лица на Ди Марија биле киднапирани не се точни, но затоа е украден накит во вредност од половина милион евра. Ди Марија беше принудно отстранет од натпреварот за да може побрзо да се врати дома и да биде покрај своето семејство кое претрпело голема траума.

Хорор-сцена се случувала во домот на капитенот на францускиот првак. Крадци исто така упаднале во домот на Маркињос во кој биле неговите родители, а неговиот татко бил најден заклучен во соба со уште две непознати помлади девојки.

За среќа, полицијата навремено реагирала по што разбојниците се фатени, но ова не е прв случај на крабеж во кој жртва е член на гигантот од Париз. Мауро Икарди пред извесно време исто така се соочуваше со грабеж, а во минатото слични проблеми имаа и екскапитенот Тијаго Силва, Дани Алвес, резервниот голман Серхио Рико.

- Оглас -

Најнови вести