24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Откровението на Лампард ја заврши сезоната

Младиот играч за врска на Челзи, Били Гилмур, му донесе нови проблеми на Френк Лампард откако се најде на листата на повредени играчи од средниот ред.

Гилмур се здоби со повреда на коленото на гостувањето кај Кристал палас во претходното коло од Премиер лигата, па и тој ќе отсуствува до крајот на сезоната како Нголо Канте и Матео Ковачиќ. Лампард сега има помалку опции за ротирање во средината, со оглед на тоа дека Гилмур беше еден од играчите кои често добиваа шанса за настап по продолжувањето на сезоната.

Деветнаесетгодишниот млад репрезентативец на Шкотска се наметна во сениорскиот тим оваа сезона и досега одигра 11 меча во сите натпреварувања.

 

 

- Оглас -

Најнови вести