Оукленд си има своја тениска бајка – Јурак игра по 15-ти пат на ВТА-турнирот

Дарија Јурак е упорна да освои титула во Оукленд, а има неверојатна низа од 15 настапи на ВТА-турнирот во новозеландскиот град.

Петнаесет години по ред хрватската тенисерка ја почнува сезоната со овој турнир. Годинава стартот во игра на двојки ѝ беше успешен, а досега најголем дострел и е настап во полуфиналето. Јурак има 34 години и игра во тандем со кинеската тенисерка Ксин Јун Хан.

„Првпат играв овде кога имав 19 години. Се сеќавам дека на тренинг веднаш изгорев од силното сонце. Петнаесет години играм на истиот турнир и ќе продолжам да играм сè додека можам. Тврдоглава сум и сакам да ја освојам титулата во Оукленд“, вели Јурак.

Лани во тандем со Нао Хибино од Јапонија стигнаа до полуфиналето, што е најголем успех за Хрватката во 15-годишната серија без прекин на турнирот во Оукленд.

И сега Јурак е во истата фаза на турнирот заедно со Хан, по победата ноќеска против Бабош и Гергес со 2:0 во сетови. На патот до финалето им стојат Бушар и Кенин.

- Оглас -

Најнови вести