Ова беше болно: Нејмар го залепија за рекламата, но пенал немаше (Видео)

Нејмар повторно е на теренот и шоуто е неизбежно. По повеќе од три месеци пауза поради повредата на ногата, Нејмар се врати и тоа во дресот на бразилската репрезентација. На дуелот против Колумбија, првата ѕвезда на Кариоките даде гол, а имаше и асистенција во ремито 2:2 против Колумбија. 

Освен фудбалските мајстории, Нејмар на овој меч имаше и една незгода. Пред крајот на мечот, во еден напад, Нејмар беше турнат и буквално залепен за рекламата која стоеше позади голот. Давидсон Санчес кој игра во Тотенхем стартуваше над Нејмар, но се чини дека оваа борба за топка и дуел игра беше повеќе од доволно за Нејмар да добие пенал, но судијата остана нем и покажа дека тоа е само гол-аут, додека Нејмар и Бразилците залудно протестираа и бараа удар од белата точка.

https://youtu.be/AW7jjK3PUgo

- Оглас -

Најнови вести