Килијан Мбапе кој има скршеница на носот, ќе мора да игра со маска на лицето на преостанатите натпревари од Европското првенство, а ѕвездата вчера беше снимен на тренинг со маска во боите на француското знаме, но нема да смее да ја носи таа маска на натпреваи.
Не се знае дали Мбапе ќе заигра уште вечерва против Холандија, а дури и да истрча на терен со маска, нема да игра со онаа што ја носи на тренинг.
Според член 42 од правилникот на УЕФА, медицинската опрема што играчот ја носи на теренот мора да биде еднобојна. Маската на Мбапе со која тренираше има три бои.
Доколку Мбапе остане на клупата и не игра, главен кандидат за неговото место во стартниот состав е центарфорот Жиру. Другата опција е крилото Баркола.