Ова е единствен начин да се запре Баерн, Јан Зомер правеше чуда и имаше 19 одбрани!

Вистинско чудо е како Борусија Менхенгладбах остана непоразена на гостувањето кај Баерн Минхен. Средбата заврши 1-1, а Баварците на кои им беа поништени два гола во првото полувреме, имаа дури 20 шута во рамки на голот, но Швајцарецот Јан Зомер беше несовладлив.

Лирој Сане во 83-та минута успеа да постигне гол за Баерн, но само за бод, и само колку чудото да не биде уште поголемо.

Зомер правеше чуда на голот, имаше неколку луди интервенции и најзаслужен е за подвигот на Борусија. Неговите 19 одбрани не се видени во Топ 5 лигите во Европа од 2009 наваму.

 

- Оглас -

Најнови вести