Ова е лудо и за побогати клубови – Просечен англиски прволигаш играше два меча денеска со вкупно 48-мина фудбалери

Кристал палас е стандарден, но и просечен англиски прволигаш со неверојатен број фудбалери на платниот список на клубот.

Денеска дури 48-мина фудбалери, вклучувајќи ги и голманите, беа во составот на клубот од Лондон на два различни натпревари.

На турнејата во Австралија денеска Кристал палас загуби од Манчестер јунајтед со 1:3 на „Крикет граунд“ во Мелбурн, а на теренот за поразениот тим продефилираа дури 22-ца фудбалери, а уште четворица не настапија.

Тоа се вкупно 26-мина играчи што се во Австралија, а премиерлигашот има уште 22-ца што останаа во Англија и во моментов играат или се на клупа за резерви на уште еден пријателски меч, против Гилингам на стадионот „Пристфилд“.

Кристал палас води со 2:0 како гостин против Гилингам, а вистински раритет е што дури 48-мина фудбалери на ист клуб во ист ден се во составот на два пријателски натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести