Ова е најнесреќното одбројување во историјата на фудбалот (Видео)

Најнесреќното одбројување во историјата на фудбалот го имаа навивачите на Ајакс во очекување на крајот на мечот со Тотенхем. Тогаш се појави чудесниот Лукас Моура и со гол во 96-тата минута, или во последните секунди, ги фрли во очај и Копјаниците на Ајакс и нивните симпатизери.

https://twitter.com/bankruptspurs/status/1126367634881220608

Три, два, еден, крај… И не, не е крај, Лукас Моура е. Така некако изгледаше крајот на еден од највозбудливите натпревари во историјата на Лигата на шампионите, а за миг големата радост на симпатизерите на Ајакс се претвори во очај и огромна тага.

Погледнете како се одбројуваше во еден од пабовите во Амстердам.

https://twitter.com/rochie10/status/1126403151492526080

- Оглас -

Најнови вести