Ова е светски рекорд, во едно семејство има седум ватерполист(к)и

Според последниот попис во Хрватска, има 585 семејства со по седум деца, а едно од нив, Бутиќ од Сплит, е специфично по тоа што сите седум браќа и сестри се ватерполисти.

Пред некоја година, Бутиќ поставија рекорд кој тешко ќе се урне. Сите седуммина играа мечеви во ист ден, и тие заедно постигнаа 14 гола. Крешимир (25), Ивана (23), Звонимир (21), Домина (19), Домагој (17), Магдалена (15) и Јелена (13) имаат исто презиме и сите играат ватерполо, а за тоа се виновни гордите родители Зоран и Нера.

„Целата приказна почна кога Крешо беше на пливање и во една прилика заврши во голот. Тој и Звоне прво тренираа пливање, а ние четирите сестри веднаш почнавме со ватерполо. Најголем проблем е кога на мајка ќе и оставиме еден куп алишта за перење“ – вели најстарата сестра Ивана која игра за националниот тим на ЕП во Будимпешта.

Хрватска денеска игра со Србија, но според резултатите во првите две кола, овие две земји за разлика од машкото ватерполо, во женска конкуренција не се во европскиот врв.

- Оглас -

Најнови вести