Ова е тоа кога на Светско првенство ти аплаудираат публиката, судијата и противникот (Видео)

На натпреварот помеѓу Кајрен Вилсон и Рајан Деј беше виден првиот максимален брејк од 147 поени на Светското првенство во снукер.

Овој подвиг му успеа на Вилсон, а ова е само 13-ти пат во историјата на шампионатите во „Крусибл театарот“ во Шефилд некој играч да направи максимум. Рони О‘Саливен и Стивен Хендри се рекордери со по три максимуми на СП, но Рони вакво нешто не направил од 2008 година, а Хендри од 2012.

Публиката уживаше во мајсторското чистење на масата, а како што е редот во овој спорт, први на Вилсон му честитаа судијата и противникот. Ако биде единствен на ова СП со направен брејк од 147, Вилсон ќе добие бонус од 55.000 фунти.

- Оглас -

Најнови вести