Ова е забивањето на сезоната во НБА-лигата (Видео)

Ентони Едвардс покажа зошто е избран за прв пик на последниот драфт во НБА-лигата откако имаше спектакуларно забивање на дуелот против Торонто.

Младиот кошаркар на Минесота одлично ја заврши акцијата,откако тргна на забивање, а пред него се појави Јута Ватанабе. Јапонскиот кошаркар во редовите на Торонто се обиде да го сопре Едвардс, но не успеа и доби „забивање во лице“. На крајот единствена сатисфакција за Ватанабе е тоа што неговиот Торонто сепак победи.

https://twitter.com/i/status/1362972465761161220

- Оглас -

Најнови вести