Ова го можат само Вардар и Комити (Видео)

Вардар на величествен начин го слави јубилејниот 75-ти роденден. Неколку илјади навивачи уживаат во фештата на Арената „Тодор Проески“, каде што во пријателски меч, противник на најтрофејниот македонски клуб е некогашниот ривал од Босна и Херцеговина, Железничар.

Мечот е од ревијален карактер, а освен Вардар, свој јубилеј слави и навивачката група Комити. Пред 35 години навивачите на Вардар за првпат се појавија под ова име да го бодрат својот омилен тим и сега покажуваат дека уште се одлични.

Како некогаш што беше традиција, на Запад направија навивачка прослава со факли и други пиротехнички средства. Вардар и Комити покажуваат кој е еден од најголемите брендови на главниот град на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести