Ова го може само спортот: Илјадници граѓани сплотени за Вардар!

Цел ден неизвесност кога ќе дојдат европските ракометни шампиони. Дали ќе биде попладне, дали приквечер или на полноќ, воопшто не е важно. Никој не се жали што со часови се чекаше моментот кога ќе пристигнат македонските ракометни херои.

Од аеродромот, по автопатот, низ скопските улици, па се до плоштадот, автобусот во кој беа ракометните шампиони беа поздравувани од илјадници навивачи. Спонтано сите се собраа за Вардар, за спортски настан. Ништо дурго во Македонија не може вака да ги сплоти сите граѓани.

Повеќе зборови не се потребни, сликите се покажуваат.

- Оглас -

Најнови вести