Ова не е 2016 година, Португалија овојпат нема да победи на „Стад д`Франс“

6105 Англија – Белгија (18.00 часот)

Англија по две кола има гол-разлика 1-0, а сега на Гордиот Албион му гостува најдобрата репрезентација на светот според ранг листата на ФИФА. Англичаните ќе се обидат на „Вембли“ да го искористат отсуството на ѕвездите Куртоа и Азар, но Белгија и без нив има тим кој може да освои бод или три. Англија дома има осум победи по ред, а Белгија на гости има шест победи едноподруго. Овие две селекции последен пат играа на СП во Русија, кога Белгија во мечот за трето место победи со 1-0.

Предлог тип: ГГ (1.81)

 

6106 Франција – Португалија (20.45 часот)

Ова е дерби кое претставува реприза од финалето на ЕП во 2016 година кога Португалија победи со гол во продолженијата. И Франција и Португалија имаат по 6 бода по двете кола во Лигата на нации. Франција лани во јуни последен пат не успеа да даде гол и тогаш им е последниот пораз. Португалија никогаш не ја победила Франција по 90 минути игра, а и според резултатите на пријателските мечеви играни пред четири дена, домашните се фаворити.

Предлог тип: 1Х & 2-5 (1.83)

 

6108 Полска – Италија (20.45 часот)

Италија е во супер серија, тимот на селекторот Роберто Манчини повеќе од две години не знае за пораз. Статистиката покажува дека Полска нема да даде повеќе од еден гол. Ова ќе биде дуел на Левандовски и Имобиле кои се бореа за Златната копачка во минатата сезона. Полјаците знаат да бидат незгодни во квалификациски мечеви, а по првите две кола имаат домашен пораз од Холандија и гостинска победа во БиХ. Две селекции заедно дадоа 11 гола на пријателските мечеви во средата.

Предлог тип: Т1 1+ (1.60)

 

6125 Естонија – Македонија (18.00 часот)

Македонската селекција оди по својата трета победа на третото гостување во Талин. Горан Пандев се враќа на стадионот на кој пред 16 години даде гол во триумфот на Црвено-жолтите од 4-2 во пријателски меч, а во Естонија победивме и во 2006 во квалификациите за ЕП 2008. После победата над Косово, не треба опуштање, но ќе има одредени измени во составот, особено во дефанзивниот дел. Естонија има десет порази и едно реми на последните 11 меча, ретко даваат голови, не се тим од кој треба Македонија да се плаши.

Предлог тип: 2 (1.65)

 

6128 Косово – Словенија (20.45 часот)

Нашите соседи после поразот во Скопје се разнишани, повторно се некомплетни и нема да им биде лесно да си ја вратат мотивацијата против незгодната и непредвидлива Словенија. И Словенија е без Иличиќ, а ако победи во Приштина, може да смета дека ќе биде прва или втора во групата каде фаворит е Грција. Косово има низа од шест меча без победи, а Словенците за ова гостување се загреаја со лесни 4-0 против Сан Марино.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (3.10)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Естонија – Македонија 2 & Т2 2+ (2.40)

Англија – Белгија 1X & ГГ (2.55)

Србија – Унгарија T1 1+I & T1 2+ (2.55)

- Оглас -

Најнови вести