Ова не е нормално: Немилосрдно го газеа, а тој доби црвен картон (видео)

Идрис Мбомбо, играчот на Ал-Хилал, вчера во мечот против Зеско јунајтед (1-1) во африканскиот Куп на конфедерациите заработи бизарен црвен картон. Во обид да освои посед на топката, двајца противници се обидуваа да му го затворат просторот, Мбомбо изгуби рамнотежа, а при падот и двајцата играчи на домашниот тим повеќе имаа намера да го повредат отколку да му ја земат топката.

Судијата досуди фаул во корист на Мбомбо, но потоа реакцијата на арбитерот ги зачуди сите присутни на оваа средба, го извади црвениот картон и покажа кон „жртвата“ во овој случај.

Мбомбо не можеше да си поверува, но судијата беше толку сигурен во одлуката што ниту ВАР-технологијата не би помогнала во оваа ситуација.

Случката можете да ја погледнете од петтата минута во следниот видеоприлог.

https://www.youtube.com/watch?v=wYDVbVuu5Jk

- Оглас -

Најнови вести