Ова ретко се гледа, тројца Македонци во ист дрес на странски клуб (Фото)

Кипарскиот клуб АЕК Ларнака нема проблем да ангажира македонски фудбалери. Иван Тричковски од 2016 година е таму и ја носи капитенската лента, и Даниел Мојсов четири години е член на истиот клуб, а летово македонската колонија ја зголеми Стефан Спировски, кој денеска имаше официјално деби.

Кога Тричко даде гол за 1-0 на гостувањето кај Неа Саламис, кое АЕК го доби со 2-1, кипарските фоторепортери фатија еден интересен момент, во кадар се најдоа тројцата нашинци. Вистинска реткост е да се видат тројца македонски играчи во ист дрес во некој странски клуб, но во АЕК Ларнака тоа е нормално сезонава.

Средбата мина во знакот на потегот на Тричковски, кој откако даде гол, истрча кај клупата и крена дрес на кој пишуваше Николас со бројот 14 и доби аплауз од публиката и играчите. Николас е дете кое пред една недела почина на 14 годишна возраст, а син е на легендарен кипарски фудбалер.

 

- Оглас -

Најнови вести