Ова треба да биде „кец како планина“: Селекторот на Луксембург ги исфрли двајцата најдобри од составот

Големи проблеми има во репрезентацијата на Луксембург пред утрешниот меч на гости кај Босна и Херцеговина. Според медиумите во Луксембург, селекторот се скарал со двете најголеми ѕвезди во составот и тие нема да играат против БиХ.

Селекторот Лук Холц потврди дека најголемата ѕвезда Герсон Родригез нема да отпатува за БиХ, а откри и зошто одлучил така.

„Герсон не си ја затвори сам вратата од репрезентацијата, јас го исфрлив. Во неделата не се појави на тренинг. Тоа беше третпат во последните две недели. Затоа нема да игра против Босна, исфрлен е“, рече Холц.

По дуелот на Луксембург со Лихтенштајн, репрезентацијата ја напушти и офанзивецот на АИК Стокхолм, Винсент Тил.

„По мечот со Лихтенштајн, Винсент самиот реши да си замине. Никому ништо не му кажа. Ниту зошто си оди, ниту каде ќе оди. Можеби сака да му се приклучи на својот брат, кој не го повикав во составот. Ако сакате да се внесува семејна политика во репрезентацијата, тогаш се обраќате на погрешна адреса“, додава селекторот на Луксембург.

Луксембирг пред три дена го победи Лихтенштајн со 2:0 и сега има четири бода од три меча во групата од квалификациите, каде што БиХ е со три бода од три средби, но сега Босанците се големи фаворити за победа на дуелот кој се игра на стадионот „Билино Поле“ во Зеница.

- Оглас -

Најнови вести