Грузијката Нино Салуквадзе, се запиша во историјата како прва спортистка која учествувала на дури 10 олимписки игри.
Оваа 55-годишна учесничка во стрелаштво со воздушен пиштол, дебито на олимписките игри го имаше во далечната 1988 година во Сеул како претставничка на некогашниот СССР. Во 1992 беше дел од тимот на ЗНД (Заедница на независни држави), а од 1996 наваму настапува под знамето на Грузија. Таа има освоено три медали, по едно злато, сребро и бронза.
Десет олимписки игри имал и Канаѓанецот Иан Милар во коњички спорт, но Салуквадзе има десет ЛОИ по ред, додека Милар имаше прекин, не учествуваше во Москва 1980.