Овации за Новак Ѓоковиќ на концерт на Дино Мерлин во Црна Гора (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со сопругата Јелена беше на концерт на босанскиот пејач Дино Мерлин во црногорскиот град Тиват, а кога публиката дозна дека и популарниот Ноле е таму, атмосферата стана како на натпревар и се скандираше името на тенисерот.

Мерлин на кратко го прекина концертот за да раскаже една анегдота како дома го следеле финалето на Вимблдон, и тогаш Мерлин кажа дека му е чест што на концертот е и победникот на Вимблдон, а на големиот видео бим се појави Ѓоковиќ.

https://twitter.com/i/status/1548554244034527233

- Оглас -

Најнови вести