Актуелниот шампион на НХЛ, тимот на Вашингтон капиталс со убедливи 6-2 го совлада Детроит ред вингс за вкупно 18-та победа сезонава. Своја вечер за паметење имаше Александр Овечкин, кој го забележа 21-виот хет-трик во својата кариера, па со тоа се изедначи на 12-тата позиција на вечната листа со Глен Андерсон и Ричард Мартин.
По еден гол за секоја третина, а последниот го постигна од огромна далечина со помош од противничкиот играч, во моменти кога мечот веќе беше решен.
OVI HATTTTTTTTTTY! #ALLCAPS #CapsWings pic.twitter.com/GnbDaj2Oem
— Washington Capitals (@Capitals) December 12, 2018
Нешвил предаторс им се вратија на победите по двата последователни порази од Ванкувер (5-3) и Калгари (5-2), па со 3-1 беа подобри од Отава сенаторс. Гостите изненадија на стартот, Смит донесе предност уште до 26-тата секунда од првиот период, но во продолжението „предаторите“ го најдоа победничкиот ритам.
Бафало сејберс не дозволи и по шест средби да наниже шест порази, па во дополнително време го урна тимот на Лос Анџелес кингс со 4-3. Домаќините во третиот период ја надополнија негативата од два гола, а Скинер ја реши средбата по 1:49 минута во продолжението.
Резултати НХЛ:
Бостон бруинс – Аризона којотс 4-3
Бафало сејберс – ЛА кингс 4-3 (по продолжение)
Каролина хурикејн – Торонто мејплс лифс 1-4
Вашингтон капиталс – Детроит ред вингс 6-2
Нешвил предаторс – Отава сенаторс 3-1
Сент Луитс блуз – Флорида пантерс 4-3
Винипег џетс – Чикаго блекхокс 6-3
Колорадо аваланш – Едмонтон ојлерс 4-6