Милениум во знакот на Барса – Мајстори се за голови, на едно место имаат и покер и се и први и последни (Фото)

Интересен податок објави „Трансфермаркет“, познатата германска интернет-страница што се занимава со проценка на вредност на фудбалери, клубови, но и со останати статистички категории во најпопуларниот спорт на светот, а во овој случај се броеја голови.

„Трансфермаркет“ објави табела на најефикасните екипи во овој милениум со постигнати голови во иста сезона, а се сметаат сите натпреварувања.

Убедливо на врвот е составот на Барселона од сезоната 2011/12 со 190 постигнати погодоци на сите официјални натпревари што ги играше шпанскиот гигант.

Интересно е што Барса е во Топ-10 дури четирипати, а во конкуренција се само екипи од Топ-15 лигите во Европа.

На второто место е Ред Бул Салцбург со тимот од сезоната 2013/14 со 181 погодок. Трет е Ајакс, па Манчестер сити, следува Реал Мадрид, па повторно Барселона, а место има и за Пари Сен Жермен.

[Transfermarkt] Most Goals Scored by a Club Within One Season, Since 2000, Top 15 Leagues Europe from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести