Овојпат вели дека е конечно и нема враќање: Славниот Том Брејди објави крај на кариерата!

Седумкратниот освојувач на титулата во НФЛ-лигата и еден од најдобрите во историјата на американскиот фудбал, Том Брејди, објави дека се повлекува.

Ова се случува точно една година откако и лани најави пензионирање, но неполни два месеца подоцна се премисли и сепак ја одигра и оваа сезона. Овојпат 45-годишниот квотербек вели дека одлуката е конечна и нема враќање назад.

Со седум титули, Брејди е најтрофеен играч во историјата, држи неколку НФЛ рекорди, тој е легенда на Њу Ингланд патриотс, за коишто играше 19 години и со нив освои шест титули, а кариерата ја заврши во Тамба Беј баканирс, со кои за три сезони, еднаш стана првак.

Сезонава одигра најслабо во неговата богата кариера, а и на приватен план не му одеше, во октомври беше објавено дека се разведува со сопругата Жизел Бундхен.

- Оглас -

Најнови вести